Самоукиот дизајнер Фернандо Абеланас изгради студио на прилично невообичаено место – под мост во Валенсија. Овој минијатурен подвижен работен простор има се што му е потребно – од полици, стол и биро – прицврстени за еден од столбовите на мостот.
Дизајнерот го изградил студиото целосно сам. Тој инсталираше рачка и метална пруга, со којашто студиото може да се придвижува од едната, на другата страна на мостот. Од ова тајно место, тој може да живее и да работи, додека ужива во целосна приватност.
Абеланас се уште не ја открива точната локација на студиото.
„Проектот е краткотрајна интервенција, ќе остане се додека некој не го открие и одлучи да украде од материјалите, или властите не решат да го отстранат“, изјави тој.
Скриен од колите и автомобилите, просторот му нуди на дизајнерот чувство на спокој и го потсетува на детството.