„Љубовта е во канта за ѓубре“, самоуништеното дело на британскиот уличен уметник Бенкси, беше продадено на аукција за рекордна сума од 21,8 милиони евра.
Делото се состои од рамка во која се наоѓа слика на девојче кое посега по црвен балон во форма на срце.
Специфично е тоа што долната половина на сликата е исецкана на парчиња откако пред три години, за време на аукција делото кое тогаш беше наречено „Девојче со балон“ се самоуништи преку режач вметнат во рамката откако беше продадено на аукција.
„Девојче со балон“ првично беше нацртана на ѕид во источен Лондон и оттогаш е репродуцирано безброј пати, со што стана една од најпознатите слики на Бенкси.
Во март оваа година негова слика на која е прикажано момче кое игра со кукла-суперхерој медицинска сестра, беше продадена за 14,4 милиони фунти кои беа донирани на група организации кои нудат поддршка на британскиот здравствен систем.