Четвртиот по ред фестивал на филм и музика „Ѕирни“ влезе во својот шести ден. На денешната програма во „Котур“ е предвидена изложба и анимации на карикатурите Пецко и проекција на снимено интервју со Дарко Марковиќ – материјали од приватната колекција на Горан Ников.
Утрово на фестивалот имаше проекции на анимирани филмови за деца соработка со градинката „Green House“, а вечерва од 19:30 часот ќе биде прикажан култниот македонски филм од 1996 година со чичко Кумплунг – „Самоуништување“.
Потоа од 22 часот ќе се случи и концерт на дуото „Алембик“, чија музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи.
Инаку, фестивалот трае до 10 октомври, до кога се најавени музички настапи, концерти, проекции…
Во меѓувреме, погледнете дел од атмосферата од изминативе денови:
Фото: Фејсбук Котур / @aaaesthete