Активистите за заштита на правата на самовилите и џуџињата покренаа акција против изградба на пат во Исланд, земја во која и во денешно време се задржале верувањата во ликовите од фолкорното творештво.
Активистите им се приклучија на еколозите и заедно протестираат против проектот за изградба на пат, кој треба да ги поврзува полуостровот Алфатнес со предградието на главниот град Рејкјавик, Гардабаер.
Активистите тврдат дека изградбата на патот на полуостровот ќе ја наруши природната средина на овие митолошки суштества.
Изградбата на патот е одложена, се додека по прашањето не се произнесе Уставниот суд на Исланд.
Според фолклорот на Исланд постојат шумски духови, кои може да се манифестираат, како џуџе, ситен старец, дете, прекрасна девојка или убаво момче и сите тие имаат долги и остри уши.
Во истражувањето на универзитетот во Исланд во 2007 година е констатирано дека 62 проценти од илјада анкетирани лица веруваат дека овие суштества навистина постојат.