Samsung го најави новиот Galaxy S6 за почетокот на март

Samsung се подготвува да го воведе најновиот паметен телефон во својата Galaxy S фамилија. Како што се најавува, овој уред ќе биде откриен на први март во Барселона кога ќе се одвива и Светскиот конгрес за мобилни телефони, голем настан од телекомуникациската индустрија во Шпанија.

Од Samsung навестуваат дека новиот паметен телефон би можел да биде заоблен. Ова потсетува на заоблените рабови на Galaxy Note Edge, верзија на Galaxy Note 4, која Samsung ја објави минатата година.

Еден од поинтересните факти за новиот Galaxy S6 е што ќе функционира на чип од Samsung, а не на Qualcomm, како обично. Qualcomm ги потврди гласините при промената поради прегревањето на последниот чипсет од фирмата.

Извор: techcrunch.com