„Невработен“, „Во моментов невработена“, „Се уште барам работа“ се дел од изјавите на млади луѓе споени со изјавите на српскиот премиер Александар Вучиќ во кои тој вели дека напорно работи, понекогаш и сабота и недела, и тоа по 12 часа…
Сатиричното видео, изработено од српската „Критична маса“ за два дена веќе има над 927 илјади прегледи на Фејсбук и е споделено приближно 14 000 пати. Насловено како „Тој работи, а за вас нема работа“, полека почнува да станува хит и кај дел од македонските корисници на социјалната мрежа, кои видеото го поврзуваат со поранешниот премиер Никола Груевски и неговата изјава дека никој ни фала не му кажал за сработеното.