Тамадер бин Јусеф ал Рама е именувана за функцијата заменик министер за труд и социјален развој на Саудиска Арабија. Ова е првпат жена да е именувана на таква функција во земјата.
Назначувањето доаѓа по одобрението од кралот Салман за плановите за развој на Министерството за одбрана.
Плановите ги означуваат визијата и стратегијата на министерството и неговата организациска структура, владеењето и потребите од човечки ресурси за националната стратегија за одбрана.
Саудиските жени до четврток ќе можат да се пријавуваат во војска во покраините Ријад, Мека, Ал-Касим и Медина. Тие нема да можат да служат во борбени единици, но ќе може да работат на обезбедување.
Одлуката за регрутирање е една од повеќето реформи со кои се зголемуваат женските права во Саудиска Арбија. Кралот Салман во јуни донесе декрет според кој жените ќе може да возат автомобил, а од минатиот месец дозволено им е да следат фудбалски натпревари на стадион.