Властите во Саудиска Арабија заплениле играчки и детска облека во боите на виножитото, за кои тврдат дека поттикнуваат хомосексуалност, пренесува Би-би-си.
Според државната телевизија Ал-Ехбарија, претставници на Министерството за трговија отстрануваат низа предмети од продавници во главниот град Ријад. Тоа вклучува штипки за коса, маици, капи и слично.
Официјален претставник посочи дека предметите се „контрадикторни со исламската вера и јавниот морал и промовираат хомосексуални бои насочени кон помладата генерација“.
Министерството за трговија одделно твитна дека нивните тимови конфискувале „производи кои содржат симболи и знаци кои повикуваат на девијација и противречи на здравиот разум“.
Продавниците за кои ќе се утврди дека продаваат вакви производи ќе се соочат со законски казни, се додава во твитот.
فرقنا الرقابية تنفذ جولات على منافذ البيع وتضبط وتصادر منتجات تتضمن رموز ودلالات تدعو للشذوذ وتنافي الفطرة السّوية، وتوقع الجزاءات النظامية على المنشآت المخالفة. pic.twitter.com/XyeNvYmOvl
— وزارة التجارة (@MCgovSA) June 14, 2022
Во декември, властите во соседен Катар објавија дека конфискувале „поп-ит“ и други играчки во боите на виножитото од продавници бидејќи „носеле пароли кои се против исламските вредности“.
Според толкувањето на исламскиот закон во земјата, консензуалото истополово сексуалнo однесување се казнува со смрт или камшикување, во зависност од согледаната сериозност на случајот.