Се бара Тор од планетата Азгард во Штип – активистите алармираат за кратерот на булеварот

Денеска, на булевар „Партизанска“ во близина на основното училиште „Тошо Арсов”, во Штип се бараше Тор од планетата Азгард. Коцките на овој дел од булеварот се пропаднати, изгледа како кратер на патот или како овде да паднал чеканот на Тор, алармираат активистите.

„Ги повикуваме надлежните власти да ги санираат проблемите на овој дел од булеварот и соодветно да бидат поставени заштитни мерки, знаци, табли, зебра за пешаци, што ќе доведе до поголема сигурност за возачите, учениците и пешаците“, повикуваат тие.

Акцијата „Се бара Тор од планетата Азгард“ е дело на група уметници и активисти од Штип, а е поттикната од инфраструктурните проблеми во овој дел од градот.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.