Градското сообраќајно претпријатие „Виенски линии“ деновиве на патниците ќе им подели над 14.000
бесплатни стик дезодоранси поради жешкото време.
Подземната линија „У-6“ на некои делници вози и над земјата, па вагоните многу брзо се загреваат, а само половина од возовите од таа линија се климатизирани. Затоа, додека трае обновувањето на опремата, и додека сите возови не бидат климатизирани, од компанијата препорачуваат користење дезодоранс.
Виена годинава прославува 40 години од пуштањето во употреба на подземната железница. Виенската мрежа има пет линии, 109 станици, а само лани се возеле 450 милиони патници.