Светот по втор пат ќе го одбележи Светскиот ден на радиото- 13 февруари. Светскиот ден годинава УНЕСКО го користи за промовирање на родовата еднаквост преку сензибилизарање на сопствениците на радио станици, новинарите и властите за развивање политики и стратегии за родова еднаквост, елиминарање на стереотипите, но и развој на младинската радио продукција со фокус на младите жени како продуцентки, водителки и репортерки и промовирање на нивната безбедност.
„На 13 февруари да славиме за жените во радиото и оние што ги поддржуваат!“, нагласуваат од УНЕСКО.
13 февруари беше прогласен за Светски ден на радиото на 36-та седница на Генералното собрание на УНЕСКО пред три години, на предлог на Шпанија, а како потсетник на важната улога на овој медиум и за зајакнување на меѓународната соработка меѓу радио станиците. Идејата беше да се поттикнат клучните играчи на понатамошно создавање и овозможување пристап до информации преку радио, особено во оддалечените локални заедници.
Самиот ден е избран бидејќи на 13 февруари 1946 година е основано радиото на Обединетите нации. Радиото е најприсутниот масовен медиум во светот до кој, благодарение на едноставната технологија, има пристап 95% од светската популација, вклучувајќи ги и оддалечените и маргинализирани општествени заедници.