Во средата, Автономната мрежа на вселенски агенции, аматери кои промовираат вселенски истражувања независни од државните агенции, откри проект на кој работела. Наречен е „Првиот протест во вселената“, а вклучува испраќање на навредлив „твит“ насочен кон Трамп, во орбитата, на климатски балон.
Според медиумите, протестот бил инспириран од цитат на починатиот астронаут од мисијата Аполо 14, Едгар Мичел.
„Од овде на месечината, интернационалната политика изгледа толку ситно“, рекол Мичел, кој е шестиот човек кој чекорел на месечината. „Ви доаѓа да грабнете некој политичар за вратот и да го довлечкате четвртина милион милји подалеку и да му кажете „Види го ова, кучкине сине““.
LOOK AT THAT, YOU SON OF A BITCHhttps://t.co/Vu7q2j8g1t pic.twitter.com/EU1obtes4q
— ASAN (@ASANspace) April 12, 2017
Тие ја зеле токму таа изјава, и ја претвориле во „вселенски протест“.
Со големи букви, АСАН испратиле голем „твит“ на кој пишува “LOOK AT THAT, YOU SON OF A BITCH”, адресиран до Доналд Трамп. Според агенцијата, пораката била лансирана во близина на Феникс.
Сепак, протестот не се случи навистина во вселената, туку балонот го однесе „твитот“ до стратосферата, која е вториот најголем слој на Земјината стратосфера.