На 31-та седница на Советот на Општина Кичево, едногласно се усвои Одлуката за основање на Младинскиот совет, кој има за цел да ги опфати младите во донесувањето на одлуки. Основањето на Младинскиот совет е резултат на активностите на Иницијативниот одбор за основање на младински совет на младите од Дебар, а е дел од проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ на Младински образовен форум и Центарот за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.
Основањето на овој совет, зеде целосна поддршка од сите советници на советот и истовремено ја поздравија ваквата иницијатива превземана од страна на градоначалникот на Општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари. За членови на Младинскиот совет во Кичево се избраа: Салије Садику, Газменд Укали, Ивана Лазеска, Албиона Демири, Лиридон Зенку, Ивана Лазеска, Нуредин Сулејманоски, Дејан Ѓурчевски, Маргаритаре Балажи и Мухамед Мамудоски, додека 11-ти член, именуван од страна на Градоначалникот на Општина Кичево, од редовите на општинската администрација, во улога на координаторот се назначи Арбен Ристеми.
Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).