Лажна дневна паркинг карта во која е злоупотребено дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) е пријавена денеска, соопштија од претпријатието.
Преку нивната Фејсбук страница, тие соопштија дека на лажната карта стои QR код кој се скенира и кој води кон веб-страница која нема поврзаност со претпријатието, а каде се врши онлајн уплата и е со цел преку измама да се повлечат парични средства.
„Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да нѐ известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk“, соопштија од ПОЦ.
Од нивна страна, тие додаваат дека во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните.