Следните три седмици ќе се реконструира сцената во кино „Фросина“, соопшти Младинскиот културен центар. Целта е овој простор да биде оспособен за претстојниот, 38-ми меѓународен фестивал „Млад отворен театар“.
„Последните години состојбата беше повеќе од алармантна и штиците кои живот значат беа небезбедни, несоодветни, дотраени, нефункционални за одржување сериозна програма. По 40 години бурна експлоатација, тие ќе бидат заменети со целосно нови“, соопштија од МКЦ.
Освен сцената во „Фросина“, интервенции ќе има и во концертната сала (Денсинг сала), каде што ќе биде поставена фиксна сценска конструкција за светло и декор по целата таванска површина што треба да овозможи лесно да се поставуваат светлосни тела и декоративни сценски елементи за концерти и за други изведби.
Од МКЦ информираат дека во тек и целосна реконструкција на Џебното кино.