Скопската Зоолошката градина има нов член, соопштија од ЗОО Скопје, преку официјалната Фејсбук страница.
„Утрово се роди Лука, син на гордата мајка Голди“, стои во вчерашната објава на фејсбук-профилот на Зоолошката, заедно со фотографијата од малото пони.
Зоолошката градина изминатиот период почна редовно да известува за сите принови. Неодамна се роди мајмунче гибон, бамби срнче, а зоолошката беше збогатена со слонови и лемури.
Зоолошката градина во Скопје е основана во 1926 година. Располага со 495 животни од 96 вида, и тоа цицачи, птици и влечуги. Зоолошката е отворена секој работен ден, од 9 до 18 часот.