Се сретнаа највисокиот и најнискиот човек на денешницата

„Гледам добар човек“ биле зборовите на највисокиот човек на светот кога за првпат се сретнал со најнискиот.

Се сретнаа највисокиот и најнискиот човек на денешницата

Во Лондон се сретнаа највисокиот човек на планетата, Султан Косен со 2,5 метри височина и најнискиот човек Чандра Бахадур Данги.

Според Султан, иако постоела огромна разлика во висината помеѓу нив двајца, тие се соочувале со слични потешкотии.

„Иако тој е низок, а јас висок, имавме слични борби во нашите животи и кога ќе погледнам во очите на Чандра јас само гледам добар човек“, рече Султан.

„Животен сон ми е да патувам, а фактот што сум носител на титула од Гинисовата книга на рекорди ми го овозможи тоа. Чест ми е што сум во Лондон и се чувствувам посебно поради средбата со Султан. Тоа ме прави исклучително горд да го претставувам Непал низ светот и сум почестен за поддршката што ја добивам“, рече Чандра.

Ова е првпат како двајцата се среќаваат и нивната средба всушност го одбележа денот на Гинисовата книга на рекорди. Со помалку од половина метар, Чандра бил откриен во Непал, на 75 годишна возраст.

 

Извор: telegraph.co.uk