Плафон од тоалет паднал синоќа во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје додека студентите спиеле. Студент што престојувал во собата во која се наоѓал тоалетот, за А1 Он изјавил дека ова не е прв ваков случај и дека со неговите цимери стравуваат дека доколку не се реагира, некој може да настрада.
Настанот се случил околу 2 часот по полноќ, а на прашањето како им се гарантира безбедноста во домот, доколку конструкцијата на плафоните попушта, студентот рекол: „Сè е оставено на Господ“.
Утрово двајца хаусмајстори ја средиле водата, ја промениле санитаријата и ветиле дека до утре тоалетот ќе биде саниран.