Авион се урна во бразилската сојузна држава Сао Паоло, при што загинаа сите 61 патници во него.
Авионот летал од Каскавел во јужната држава Парана до аеродромот Гураулхос во Сао Паоло кога се урнал во градот Винедо, соопшти авиокомпанијата Воепас.
На снимка што кружи на социјалните мрежи се гледа како авионот паѓа вертикално, спирално. Авионот слетал во станбена зона, но нема повредени на земја. Според официјалните извори, оштетен е само еден дом во локалниот комплекс.
Авионот од типот „АТР-72 – 500“ носел 57 патници и четворица членови на екипажот. Локалните власти соопштија дека нема преживеани.