Најголемата грижа на оние кои живеат во мали соби, како што се студентите, е каде да ги сместат сите свои работи, од облека и чевли па се до книги, дискови, техника…
Секако, тоа не е лесна задача, но дозајнерите велат дека ако почнете да размислувате „надвор од кутијата“, решенија доаѓаат сами по себе, како во овој случај.
Порталот Homedit.com понуди интересно решение за студентите. Имено, сопственикот на овој стан решил сам да си го направи мебелот, па создава голема повеќефункционална коцка во која е сместен креветот, гардеробата, има место за телевизор, но и скриен простор под креветот.