По 13 години постоење, лондонската испостава на светскиот ланец дискотеки Pacha се затвора во септември, објави менаџментот.
Според официјалното соопштение за медиумите:
„Тоа беше ноќен клуб роден во прочуените сребрени балеарски песоци, парче медитерански музички рај во срцето на Лондон. Местото што ги угости најбараните светски диџеи и брендови од целиот свет ќе ги затврри своите порти овој септември.“
Тимот менаџери мора да се прилагодува на промената на музичките трендови во Лондон. Според најавите, овој простор ќе добие комплетно нов и освежен изглед, а новиот концепт на клубот ќе биде целосно различен од досегашниот.