Бројот на затворени новинари ширум светот нагло се зголеми во 2023 година, според податоците на Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ), а земји како Белорусија и Русија го користат екстремизмот и другите „антидржавни“ закони како „најчесто оружје“ да ги замолчи независните медиуми, пренесува Радио Слободна Европа.
Во годишниот извештај за затворени новинари, објавен на 18 јануари, Комитетот наведува дека во периодот до 1 декември зад решетки се наоѓале 321 новинар, што претставува втор најголем број затворени новинари од 1992 година, откако Комитетот води ваква статистика.
Најлоша е ситуацијата во Кина, каде што се затворени 44 новинари, потоа Мјанмар – 43, Белорусија – 28 и Русија.
Вкупниот број е „вознемирувачки барометар на вкоренетиот авторитаризам и строгоста на владите решени да ги задушат независните гласови“, наведуваат од ЦПЈ, истакнувајќи дека повеќе од 65 отсто од затворените новинари се соочуваат со „антидржавни обвиненија како лажнит вести и тероризам како одмазда за нивното критичко известување“.