Седмо издание на Недела на дизајнот во Скопје

Седмото издание на Недела на дизајнот во Скопје оваа година ќе се одржи од 22 до 26 ноември во „Јавна соба“ и Лукс продавницата за расвета и мебел.

Тема на овогодиното издание е „Звукот на материјалите”, каде водејќи се од фактот дека материјалите, достапноста на истите и нивната обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.

Фестивалот оваа година ќе се претстави пет програмски целини, каде секако водечката е секцијата на дизајн изложбите. Земја во фокус оваа година е Унгарија и ќе се претстави со врвна дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци. Покрај изложбата, унгарските дизајнери кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околина на Скопје.

Музичката програма се чини дека е подобра од било кое предходно издание. Пет музички групи од регионот ја имаат честа да настапат на Неделата на дизајнот и тоа, „Васил Хаџиманов бенд”, „Ѓорги Шаревски трио”, „Како – кало банда”, „Артан Лили“ и „Михали Борбели Балкан џез проект”.

Српска кулинаска забава е перформанс на готвач Мирко Веселиновиќ од винаријата Башек – Веселиновиќ од Сремски Карловци, и настанот ќе биде целoсоно достапен за јавноста.
Викен програмата е резервирана за работлница за дизајн расмислување водена од експерти од целиот Балкан и научно-практична работилница за деца од 7 до 10 години.

Влезот на Неделата на дизајн и на двете локации, Јавна соба и Лукс мебел и расветa, е слободен за сите посететители.