Безбедносните сили на Судан се обвинети дека убиле најмалку седум лица за време на протестите против пучот во главниот град на Судан, Картум.
Централниот комитет на суданските доктори во соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврдија информацијата, додавајќи дека околу 100 луѓе дополнително се повредени во пресметката.
Central Committee of Sudan Doctors (CCSD)
January 17th, 20227 civilians have been killed by the live ammunitions of security forces during today’s anti-coup peaceful protests.
The Junta forces keep on committing massacres, facing peaceful sudanese protesters with deadly force. pic.twitter.com/Remm4iHon8
— لجنة أطباء السودان المركزية-CCSD (@SD_DOCTORS) January 17, 2022
Вчерашните судири го зголемија бројот на жртви на 71 лице по пучот во октомври.
Илјадници луѓе ги преполнија улиците на Картум на протести поради воената власт на генералот Абдел Фатах Ал-Бурхан. Активистот Назим Сираг на Твитер објави видео на кое се гледа како мажи, жени и деца мирно маршираат низ градот извикувајќи слогани и веејќи знамиња. Според него, полицијата започнала да пука на повеќе места каде се собирале граѓаните, вклучително и на еден од протестите каде луѓето марширале до претседателската палата, пренесува Дојче Веле.
Немирите ескалираа по оставката на премиерот Абдала Хамдок на почетокот на месецов.
Про-демократското движење во Судан ја осуди употребата на сила и повика на кампања на граѓанска непослушност. Советник на поранешниот премир, Фајсал Салех, повика меѓународната заедница да реагира.
„Суданците не се соочуваат со власт или авторитет, туку со криминална банда која ладнокрвмно ги убива младите во Судан додека целиот свет само гледа“, напиша Салех на Твитер.