#СегаКажувам, #TaniTregoj: Лични приказни против сексуалната злоупотреба се споделуваат на Фејсбук

Под хаштаговите #СегаКажувам и #TaniTregoj граѓаните на социјалните мрежи ги споделуваат личните приказни за сексуална злоупотреба или принуда од позиција на моќ во кампања на неколку независни активистки за подигање на свеста во јавноста по овие прашања.

Приказните почнаа да се објавуваат денеска, а иницијативата ја поддржаа повеќе активистки за женски права кои на своите профили ги напишаа нивните, или искуствата на нивни блиски, кога се соочиле со некаква форма на сексуална злоупотреба.




Организаторките на кампањата ги повикуваат и другите кои имаат своја или приказна од некој близок која сакаат да ја споделат на социјалните мрежи да го направат тоа со користење на овие хаштаговите #СегаКажувам и #TaniTregoj.