„Сегашнината“ – групна изложба на млади автори во МКЦ

На 21 октомври (понеделник), со почеток од 20 часот во Галеријата на МКЦ ќе се отвори групна изложба насловена „The PRESENT“, од избраните уметници на овогодинешниот конкурс.

Со свои дела ќе се претстават: Ана Јовановска, Тамара Антевска Бајдевска, Ана Трајковска, Ива Станковска, Викторија Попоска, Јана Николовска, Милко Нестороски, Јасмина Трпеска, Елена Гелева и Анастасија Величковска.

„Да се (пре)живее исклучиво од уметност во општество во кое владее финансиска и економска нестабилност, низок животен стандард и никакви критериуми за вреднување е (скоро) невозможно. Затоа, уметноста на СЕГАШНИНАТА (освен онаа комерцијалната), најчесто e ПОДАРОК за публиката. Со цел да го остварат сопствениот креативен порив, притоа вложувајќи многу енергија и средства (тука спаѓаат пред сè финансиските, кои се клучни за набавка на материјали за работа), младите автори се исправени пред дилема: да се твори и остави трага т.е. да се биде активен или да се седи лежерно на кауч пред телевизор чекајќи/мечтаејќи да дојдат подобри времиња?“, стои во описот на изложбата.