Секси Маало

Секси Маало

Секси Маало е емисија која покрива теми поврзани со сите аспекти на сексуалноста, теми кои е интресни и важни за сите млади луѓе. Младите луѓе имаат потреба и право на информации поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и права.

Емисијата се емитува секоја втора среда од 12 часот и 15 минути, а во неа ќе се зборува за сексуалното и репродуктивното здравје, сексуалните права, табуата кои владеат во ова општество, дискриминацијата кон одредени групио, како и се она што на младите не им е јасно, ги збунува или ги прави нервози, а е поврзано со сексот и сексуалноста. Следете не и слушнете што се ќе подготви тимот на ХЕРА за вас.

 

 

ЕПИЗОДА 5 

Интервју на девојките од Секси Маало и Моника Тасевска од STAR – The First Sex Workers Collective in the Balkans.

Ќе дознаете повеќе за сексуалната работа, правата на сексуалните работници и правната регулатива, како и за целата стигма во општеството.

 

ЕПИЗОДА 4 

Вo четвртата епизода на Секси Маало зборувавме

Случајот во Велика Британија со Сара Еверард

Законот за абортус во Полска

Истанбулската конвенција

 

ЕПИЗОДА 3 

Во третата епизода зборуваме за како се поврзани менталното здравје и сексуалноста, притисоците за сексуални односи и за прифаќање на нашата сексуалност!

 

ЕПИЗОДА 2

Анамарија и Дамјана зборуваа за влијанието на расизмот на сексуалното и репродуктивното здравје. Проверете зошто е битно да се обработуваат вакви теми и што имаат да ви кажат.

 

ЕПИЗОДА 1

Прво издание од новата сезона на Секси Маало. Кате водеше разговор со психологот Јована Спасич за сексуалното вознемирување!

Зошто најчесто жртвите не пријавуваат или не ги споделуваат своите приказни?
Што е двојна виктимизација и како таа влијае врз жртвите?
Што би препорачале на жртвите кои се дел од Јавна соба , но и генерално жртви на сексуално вознемирување и насилтво?