Со цел едукација на децата и младите со дијабетес и нивните семејства за квалитетно менаџирање на дијабетесот, Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) организира семеен камп за лица со дијабетес тип 2 на 26 и 27 октомври, сабота и недела, со почеток од 10 и 30 часот во „Mayberry Lake“ во Претор.
„Во целите на оваа програма, терминот ‘камп’ е дефиниран за воспоставувње на мрежата за поддршка меѓу лицата со дијабетес тип 1 и на тој начин го подобруваат менаџментот на нивната состојба. Кампот е организиран како едукативна активност на локација која е различна од секојдневната, односно подалеку од домот, работното место и активности“, истакнуваат од СЗДМ.
За сите дополнителни информации и прашања обратете се на мејловите atanasovskadusanka@gmail.com или szdm.mk@gmail.com, или пак на телефонскиот број 075/395-023 – Душанка Атанасовска, раководителката на кампот.