Утре (недела) на пладне од 12 часот во општествената градина Бостание ќе се одржи средба за размена на семе.
„Понесте си ги дупликатите од семенскиот материјал и разменете ги за семчињата што ви недостигаат, за да си ја засеете бавчата“, велат од Бостание.
Настанот е отворен за сите, ќе има музика и други активности поврзани со семенувањето.
„Повелете да семенуваме заедно!“, повикуваат од Бостание.
Инаку, градината Бостание се наоѓа во скопско Ново Лисиче, претставувајќи уште еден придонес кон остварувањето на концептот за отпорен град, односно приспособување кон климатските промени и зајакнување на урбаната отпорност на Скопје.
Урбаното градинарство зема се поголем замав во градовите низ светот има за цел дружење и зближување на граѓаните преку претворање на јавните површини во градини, односно во оази за производство на здрава храна преку споделување искуства и одговорности.