Во паркот на Архитектонскиот факултет утре (19 октомври) од 20 часот ќе биде претставена изложбата „ Сенки на заедничкото“.
Куратор е Стојан Павлески која вели дека преку дијагностичка перспектива, проектот се обидува да ги кадрира можните простори и официјални диспозитиви кои го сочинуваат образовниот топос како концепт за практична дистрибуција на знаењето, доведувајќи ги во прашање воспоставените форми кои го конструираат креативното искуство.
„Променливоста на контекстите, а оттука и на можните позиции низ кои поединецот трансверзира, ја поставува основната хипотеза за збогување со искуството како креативно ползување и историографијата на историското, за новите простори, во кои тажно, ако не и морбидно, исчезнува идеологичноста, па оттука и целата смисла поврзана со можноста за континуирана еманципација. Епитафскиот приказ на документарните фотографии како артефакти на сегашноста и идната минатост го претпоставува наметнатото исчезнување или претопување што се припишува на дигиталната ера, во која секое човечко, креативно и социо-предметно искуство, полека заминува. Проектот ги истражува формите на „плуралното“, „мултисензорното“ и „коегзистенцијата“ низ структурата на документот, како запис за обновливото преоткривање на историските мемории во сегашноста. Конечно, човекот станува сенка во доменот на заедничкото, бришејќи се себеси и мемориските простори, запишани како една трага од ерата на еманципацијата“, пишува Павлески.