Во соработка со Музејот на град Скопје и „Museum Link“ (неформална мрежа на музеи и Домови на култура низ земјава), следниов период ќе се организираат серија изложби на дел од ликовното творештво на Владимир Георгиевски.
Станува збор за две различни поставки, секоја со по 20-тина дела во разни техники, кои ги илустрираат творечките преокупации на македонскиот сликар.
Поставките ќе бидат изложени во:
Штип, НУ Музеј Штип – галерија Безистен: 25/04-5/05
Св. Николе, ЛУ Музеј на град Св. Николе: 26/04 – 5/05
Велес, ЛУ Велес: 8/05 – 17/05
Гевгелија, НУ Музеј Гевгелија: 9/05 – 17/05
Кавадарци, ЛУ Музеј Кавадарци: 18/05 – 2/06
Неготино, ЛУ Музеј Неготино: 23/05 – 2/06
Крива Паланка, ЛУ Музеј Крива Паланка: 6/06 – 20/06
Кратово, ЛУ Музеј Кратово: 7/06 – 20/06
Охрид, НУ Музеј Охрид, галерија Робевци: 15/07 – 27/07
Куманово, НУ Музеј Куманово: 15/09 – 30/09
Изложбите низ земјава следат по изложбата-омаж за Георгиевски во Музеј на град Скопје, која се одржа минатиот декември и овогодишните јануари и февруари. Целта е да им се овозможи на што е можно поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот.
Организаторите информираат и дека во тек се преговори со уште десетина музеи и Домови на култура низ Македонија, а местата и датумите ќе бидат дополнително објавени.