Серија мултимедијални настани – „Создаваме град, создаваме иднина“

Преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ има за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот.

Во организација на граѓанското здружение „Културно Ехо“ во соработка со здружението Ситископ – Скопје,  тема на проектот е новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот.

Во рамки на проектот ќе бидат реализирани три настани во три скопски општини, чија основна цел е да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.

Оттаму, најавени е проекција на документарен филм кој обработува  повеќе локации од важечкиот ГУП,од 2012 до 2022 година,  работилница на тема: „Што претставува ГУП и зашто е важен?“, како и  дебата на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“

Поради ограничениот број на присутни за перформансот и работилницата потребно е присуството претходно да биде пријавено на culturalechoes@gmail.com.