Серијата „Шоуган“ освои 14 Еми награди со што го собори досегашниот рекорд

„Шоуган“ (Shōgun) освои најмногу Еми награди за телевизиска серија со само една сезона на втората од двата вечери на доделување на Еми наградите која во саботата се одржа во Лос Анџелес. „Мечката“ (The Bear) освои седум награди меѓу кои и за најдобра гостин-актерка која ѝ припадна на Џејми Ли Куртис.

Водителите цела ноќ посветена на доделување награди на сериите кои не влегоа во главната програма што се одржа на почетокот на годинава, извикуваа „Шоуган“. Серијата освои 14 награди со што го собори рекордот поставен од лимитираната серија „Џон Адамс“ (John Adams) во 2008 година и тоа пред официјалната церемонија закажана за 15 септември – период до кога може да се стекне со уште пет награди.

Серијата која ја раскажува приказната за политичките махинации во феудална Јапонија меѓу другите ги освои и наградите за најдобри костими, шминка, монтажа, акробации и кинематографија како и за најдобар гостин-актер за Нестор Карбонел.

Други добитници се Маја Рудолф која ја освои шестата Еми награда во својата кариера за позајмување на гласот во анимираната серија „Голема уста“ (Big Mouth), Анџела Басет која ја доби својата прва Еми награда за нарација во документарниот филм на Нешнал џиографик „Кралици“ (Queens) и Михаела Коел која ја доби наградата за најдобра гостин-актерка во комедијата „Г-дин и г-ѓа Смит“ (Mr. and Mrs. Smith).