Филмот „Северен пол“ на Марија Апчевска-Петровска ја доби наградата „Санта Луциа“ за најдобар интернационален краток филм на Фестивалот во Богота.
Ова е нов успех на филмот во продукција на „Кино Oко“ по освојувањето на „Големата награда“ на фестивалот во Билбао, квалификувањето за Оскар, номинацијата за Европските филмски награди и освојувањето на наградата „Златна колица“ за најдобар краток филм на „Загреб Филм Фестивал“.
Од продукцијата велат дека следува прикажувањето на филмот на фестивали во Пекинг, Лондон, Трондхајм и Лес Аркс.
Главните улоги во „Северен пол“ ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирија А. Николоска. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа Филм и Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи Продукција од Унгарија.
Филмот е финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Српскиот филмски центар.