На 1 ноември завршува сезоната за изнајмување на велосипеди во град Скопје. Како што соопштија од Градски паркинг, јавното претпријатие кое стопанисува со градските велосипеди, со завршувањето на сезоната тие се повлекуваат од пунктовите за изнајмување.
Годинава сезоната за проектот „Изнајми велосипед“, беше отворена на 16 април. Пунктови беа поставени на четири локации, зад Трговски Центар „Бисер“ воАеродром, на паркиралиштето „Треска“ во Капиштец, кај Специјална болница за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Центар и во близина на „Градска Болница 8-ми Септември“ во Карпош.
Цената за изнајмување на велосипед остана 10 денари за час.