„Shakesperience“ е испит на студентите по глума, во класата на Мими Таневска Србиновска и Ангелчо Илиевски. Со почеток од 20 часот, на сцената на Академска сцена на ФДУ, во улога на „Хамлет“ ќе се претстави Гоце Андонов.
Актерското дуо „Хамлет-Офелија“ ќе го одиграат Ведран Черашек и Ана Грамосли. Во улога на „Ричард Трети-Леди Ана“ ќе бидат Кире Ацевски и Наде Дојкоска.
Виктор Мирчевски и Филип Христовски ќе го одиграат дуото „Отело-Јаго“, а во улоги на „Магбет-Леди Ана“ ќе настапат Михаил Велков и Ана Јовановска..
Потоа ќе следува „Магбет“ – групна сцена со сите студенти.
Сите заинтересирани својот бесплатен билет треба да го резервираат тука.
„Додека на повеќето факултети на испит „мува да прелета ќе се слушне“, студентите од Факултетот за Драмски уметности испитите ги полагаат пред полна сала и громогласни аплаузи. Академска сцена е буквално сцена на која се полагаат испити, се држат вежби, се раѓаат нови идеи, се создаваат генијални дела. Место каде што едни студенти се навикнуваат да бидат професионалци, а други да бидат публика“, објаснуваат од Академска сцена.