Исмо Леикола е победникот на натпреварот во Лас Вегас за најдобар комичар во светот. Тој е стенд-ап комичар од Финска којшто тврди дека нашол совршено решение за меѓународните проблеми со парите.
„Државите не си должат една на друга. Државите им должат на банките. А ако државата им должи на банките, колку се само глупави што им плаќаат. Државата има војска. Банките имаат четири касиери и една чистачка“, рече Леикола во полуфиналето од натпреварот.
Леикола како награда доби 10 000 долари и турнеја.
Извор: 24sata