Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Неодамна во Македонија беше усвоена првата Национална стратегија за ментално здравје за млади. Податоците за менталното здравје на младите се загрижувачки и покажуваат дека голем дел од младите имаат предизвик со депресијата, стресот, анксиозноста и суицидалните мисли, а огромен дел од нив имаат поголема потреба за нега и грижа на менталното здравје. Стратегијата е предвидена да се реализира до 2026 година и во себе содржи општи и специфични цели, а со себе носи клучни препораки до бројни институции, но и до младинските организации.
Загрижувачки податоци за менталното здравје на младите се нотирани во истражување на Филозофскиот факултет на УКИМ кое го добиле Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Токму тие податоци, како што објаснува програмскиот асистент во НМСМ Ардит Шехи за Радио МОФ им дале поттик да продолжат да работат на темата.
При самата подготовка на стратегијата, како што вели Шехи, повторно било спроведено истражување, а загрижувачки било што иако веќе биле поминати 2 години, резултатите воопшто не биле подобрени, а државните институции, многу ретко, како што додава, се перцепирани како место на кое младите се обраќаат за помош.
Според истражувањето на Филозофскиот факултет, 64% од младите имаат предизвик со депресија, 55% имаат предизвик со стрес, 58% имаат предизвик со анксиозност, 56% имаат суицидални мисли, а 67% имаат поголема потреба за нега и грижа за менталното здравје.
„Само 27% сметаат дека општеството ги перцепира позитивно. 50% од младите избегнуваат да побараат поддршка поради срам. Позитивен податок е што 50% од младите постојано се обраќаат на своите мајки за поддршка за менталното здравје. Само 20% од младите добиваат поддршка повремено, додека 50% од нив поддршка никогаш не бараат од своите партнери. Скоро половина се чувствуваат дека нивните потреби за ментално здравје не се задоволени, а 46% веруваат дека нивните потреби се адресирани на многу ниско ниво. 66% од младите никогаш не се обратиле на школски советници за помош, додека најголема е финансиската пречка, односно 62% од младите поради тоа не може да си дозволат советување/психотерапија“, објаснува Шехи.
Идејата за создавање ваква национална стратегија произлегла за време на пандемијата со коронавирусот, кога со поддршка на Британската амбасада изработиле прирачници за стрес, анксиозност и депресија. Токму овие прирачници се покажале како најчитани досега, но ова им дало и знак на НМСМ дека стигмата помеѓу младите полека се надминува, интересот за оваа тема се зголемува, а и дека потребата и по пандемијата за работа во оваа област е важна.
„Оттаму произлезе и потребата ние како НМСМ активно да започнеме да работиме на оваа тема. Нѐ изненади и фактот дека за една недела повеќе од 250 млади се пријавија да добијат по 6 бесплатни сесии за советување со психолог“, вели Шехи.
Иако постои Закон за ментално здравје, како и Национална стратегија за унапредување на менталното здравје, програмскиот асистент на НМСМ објаснува дека ниеден од овие документи длабински не ги отсликува потребите и предизвиците на младите, па оттаму била потребата и да се наметне посебен фокус само на оваа возрасна категорија.
Стратегијата предвидува конкретни цели
Новата стратегија, од НМСМ претходно посочија дека се фокусира на проактивни мерки и активности за спречување и рана интервенција на проблемите со менталното здравје кај младите, ја нагласува потребата за намалување на стигмата и подигнување на свеста за менталното здравје и има за цел да го подобри пристапот до квалитетни услуги за ментално здравје на младите.
Во земјава постојат повеќе закони, стратегии и документи кои во својата содржина фокусот го ставаат на менталното здравје, вели Шехи. Сите овие документи се фокусираат на терцијалното здравје и на ситуациите со менталното здравје кои веќе мора да се третираат со болничко лекување или лекарства, но, како што посочува Шехи, ниеден од документите не нудел осврт на потребите на младите кои доминантно имаат потреба од лице од доверба со кое ќе може да се советуваат за секојдневни предизвици и проблеми.
Оттука, по анализирање на достапните податоци од експерти, тие предложиле четири главни цели кои треба да се реализираат во стратегијата, а во себе содржат проактивни мерки и активности за спречување и рана интервенција.
„Целта број еден е Рана интервенција за ментални нарушувања, а во себе содржи програми за рана интервенција анксиозност, депресија и сродни нарушувања, специјализирани за да одговорат на потребите на младите, обучен кадар од здравствениот сектор, со фокус на работа со млади луѓе како и унапредена соработка помеѓу училиштата, службите за ментално здравје и организациите кои нудат услуги со цел никогаш да не се чека ред“, вели Шехи.
Превенцијата и третманот на злоупотреба од супстанци како втора цел содржи програми за превенција и злоупотреба од нив, фокусирани на фактор ризиците, специјализирани програми за третман на млади кои злоупотребуваат супстанци, но и унапредена соработка помеѓу одговорните институции и организации.
Една од целите во стратегијата е и превенција на насилството, кое што е предвидено да се случи преку нов стратешки документ кој ќе биде насочен кон насилство меѓу младите луѓе, зајакнат капацитет на сите служби за идентификување и управување со различни видови на насилство, како и зголемена соработка помеѓу сите засегнати страни, објаснува Шехи.
Дигитален пристап кон менталното здравје
Помеѓу целите на стратегијата се вбројува и дигиталното ментално здравје. Овој дел од стратегијата е конкретно насочен кон развивање дигитални алатки, односно мобилни апликации и онлајн платформи за креирање лесно достапни ресурси, модули за самопомош и виртуелни мрежи за поддршка на младите, објаснува Шехи.
Овој сегмент од стратегијата, како што вели програмскиот асистент во НМСМ е доста важен, бидејќи токму овој пристап излегува од конвенционалните модели на информирање и едуцирање, а секој млад човек е практично врзан со онлајн просторот.
„Па така, доколку истиот се искористи на паметен начин, може да допре до доста млади лица и едноставно да има позитивен импакт, односно информирани млади“, вели тој.
Дигитално ментално здравje се фокусира на обезбедување приватност, безбедност и ефективност заснована на докази на дигиталните интервенции за ментално здравје преку регулација и мерки за обезбедување квалитет и воедно обучување на здравствените работници ефективно да ги користат дигиталните алатки за ментално здравје и да ги интегрираат во постоечките модели за испорака на услуги.
Доследно имплементирање на стратегијата за подобрување на благосостојбата на младите
Националната стратегија содржи препораки до надлежните министерства и институции кои што се во насока на подобрување на пристапот до квалитетни услуги за ментално здравје. Од НМСМ уверуваат дека во наредниот период ќе застапуваат за усвојување и на акциски план со соодветен буџет за доследна имплементација на стратегијата.
„Секако ќе ја следиме и самата имплементација бидејќи идејата не е да имаме неколку зборови на хартија, туку да креираме систем за поддршка и грижа за ментално здравје кај младите“, децидни се тие.
Во однос на евалуацијата на резултатите, Шехи за Радио МОФ објаснува дека е донесена одлука од страна на Владата за формирање на координативно тело составено од експерти од надлежните институции и министерства како и од младинските организации, кои што ќе треба да креираат акциски план и временски рамки за имплементација на препораките и ќе се грижат ова да не остане само уште една хартија.
Од НМСМ уште претходно посочија дека преку доследна имплементација на стратегијата, значително ќе се подобри благосостојбата на младите и ќе се креира широк спектар на механизми за поддршка и грижа за нивното ментално здравје.
При креирањето на стратегијата за ментално здравје кај младите, заедно со НМСМ биле вклучени и професорите Стојан Бајрактаров од Универзитетската клиника за психијатрија и Софија Арнаудова од Филозофскиот факултет при УКИМ, како и други експерти од Министерството за здравство.
Дополнително, Шехи велат дека имале и одлична соработка и со Министерство за труд и социјална политика кои преку својата експертиза насочена кон благосостојба на младите исто така дале свој придонес кон стратегијата, а воедно токму тие ја предложија на Владината седница со цел да се усвои. Во креирањето на стратегијата исто така имале соработка и поддршка и од Британската амбасада во Скопје, како и од ‘Regional Cooperation Council’.
Националната стратегија за ментално здравје за младите се води од Агендата 2030 и општите принципи на Целите за одржлив развој на ОН.
Мартин Колоски
-
Shehi: Të rinjtë shumë rrallë i perceptojnë institucionet si vende për ndihmë për shëndetin mental
Së fundmi në Maqedoni u miratua strategjia e parë nacionale për shëndet mendor për të rimnjtë. Të dhënat për shëndetin mendor të të rinjve janë shqetësuese dhe tregojnë se, një pjesë e madhe e të rinjve kanë sfidë despresionin, stresin, ankthin dhe mendimet vetëvrasëse, ndërsa një pjesë e madhe e tyre, kanë nevojë më të madhe për trajtim dhe kujdes të shëndetit mendor. Strategjia është e paraparë që të realizohet deri në vitin 2026 ndërsa në vete përmbamn qëllime të përgjithshme dhe specifike, ndërsa bartë në vete edhe rekomandime kyçe drejtuar një numri të madhë të institucioneve, por edhe organizatave të të rinjve.
Të dhëna shqetësuese për shëndetin mendor të të rinjve janë nënvizuar në hulumtimin e Fakultetit Filozofik të USHCM-së, që ka marrë Këshilli Nacional Rinor i Maqedonisë (KNRM). Pikërisht ato të dhëna, siç sqaron asistenti programor në KNRM Ardit Shehi për Radio MOF, i ka nxitur që të vazhdojnë të punojnë në këtë temë.
Gjatë vetë përgatitjes së strategjisë, siç thotë Shehi, është zbatuar sërish një hulumtim, ndërsa ka qenë shqetësuse që edhe përkrah asaj që veç më kanë kaluar 2 vite, rezultatet nuk janë përmirësuar, ndërsa institucionet shtetërore, shumë rrallë, siç shton, perceptohen si vende të cilëve të rinjtë u drejtohen për ndihmë.
Sipas hulumtimit të Fakultetit Filozofik, 64% e të rinjëve e kanë një sfidë me depresionin, 55% kanë sfidë me stresin, 58% me ankthin, 56% me mendimet vetëvrasëse, ndërsa 67% kanë nevojë më të madhe për trajtim dhe kujdes të shëndetit mental.
“Vetëm 27% vlerësojnë se shoqëria i percepton pozitivisht. 50% e të rinjve shmangin të kërkojnë mbështetjes për shkak se kanë turp. Fakt pozitive është që 50% e të rinjve u drejtohen vazhdimisht nënave të tyre për mbështetje për shëndetin mental. Vetëm 20% e të rinjve marrin mbështetje kohë pas kohe, derisa 50% e tyre nuk kërkojnë asnjëherë mbështetje nga partnerët e tyre. Pothuajse gjysma e tyre ndjejnë se nevojat e tyrepër shëndet mendor nuk janë të përmbushura, ndërsa 46% besojnë se nevojat e tyre adresohen në një nivel shumë të ulët. 66% e të rinjve, asnjëherë nuk u janë drejtuar këshilltarëve shkollor për ndihmë, derisa pengesa më e madhe është ajo financiare, përkatësisht, 62% e të rinjve për shkak të kësaj nuk mund t’ia lejojnë vetes këshillim/psikoterapi”, sqaron Shehi.
Ideja për krijimin e një strategjie të tillë nacionale lindi gjatë kohës së pandemisë me korona virusin, kur me mbështetje të Ambasadës britanike kanë përgatitur doracak për stres, ankth dhe depresion. Pikërisht këto doracak janë treguar si më të lexuarat deri më tani, por kjo u ka dhënë edhe shenjë KNRM-së se stigma mes të rinjve dalëngadalë po tejkalohet, interesi për këtë temë rritet, ndërsa edhe se nevoja edhe pas pandemisë për punë në këtë fushë është e rëndësishme.
“Prej aty lindi edhe nevoja se, se si KNRM të fillojmë të punojmë në mënyrë aktive në këtë temë. Na ka befasuar edhe fakti se, për një javë më shumë se 250 të rinj janë paraqitur që të marrin nga 5 sesione falas për këshillim me psikologun”, thotë Shehi.
Edhe pse ekziston ligji për shëndet mental, si dhe strategjia nacioanale për avancimin e shëndetit mental, asistenit programor i KNRM-së sqaron se, asnjë nga këto dokumente nuk i pasqyron thellësisht nevojat dhe sfidat e të rinjve dhe prej këtu, ka qenë nevoja edhe që t’i dedikohet një fokus i veçantë kategorisë së kësaj moshe.
Strategjia parasheh qëllime konkrete
Strategjia e re, tehksuan paraprakisht nga KNRM, fokusohet në masa proaktive dhe aktivitete përparandalim dhe intervenim të hershëm të problemeve me shëndetin mental te të rinjtë, e thekson nevojnë për ulje të stigmës dhe ngritje të vetëdijës për shëndet mental dhe ka për qëllim të përmirësoj qasjen ndaj shërbimeve cilësore për shëndet mental te të rinjtë.
Në vend ekzistojnë më shumë ligje, strategji dhe dokumente të cilët në përmbajtjen e tyre e vendosin fokusin në shëndetin mental, thotë Shehi. Të gjitha këto dokumente fokusohet në shëndetin tercial dhe të situata me shëndetin mental të cilat veç më duhet të trajtohen me shërim klinik apo barna, por, siç thekson Shehi, asnjë nga dokumentet nuk ka ofruar kthesë të nevojave të të rinjve të cilët kanë nevojë në mënyrë dominante nga ndonjë person i besueshëm me të cilin do të mund të këshillohen për sfidat dhe problemet e përditshme. Prandaj, pas analizimit të të dhënave të disponueshme nga ekspertë, ata kanë propozuar katër qëllime kryesore të cilat duhet të realizohen në strategji, ndërsa në vete të përmbajnë masa proaktive dhe aktivitete për parandalim të hershëm.
“Qëllimi numër një është parandalimi i hershëm për çrregullim mendor, ndërsa në vete përmban programe për parandalim të hershëm të ankthit, depresionit dhe çrregullime të lidhura me të, të specializuara për t’iu përgjigjur nevojave të të rinjve, kuadër i trajnuar nga sektori shëndetësor, me fokus në pununë me të rinj si dhe bashkëpunim i avancuar mes shkollave, shërbime për shëndet mental dhe organizatave të cilat ofrojnë shërbime me qëllim që asnjëherë të mos pritet radhë”, thotë Shehi.
Parandalimi i trajtimit të keqpërdorimit nga substanca si qëllim i dytë, përmban programe për preventim dhe keqpërdorim nga to, të fokusuar në faktorin e rreziqeve, programe të specializuara për trajtim të të rinjve të cilat keqpërdorin substanca, por edhe bashkëpunim i avancuar mes institucioneve përgjegjësi dhe organizatave.
Njëra nga qëllimet në këtë strategji është edhe parandalimi i dhunës, e cila është e paraparë të ndodhë përmes një dokumenti të ri strategjik i cili ka të bëjë me dhunën mes të rinjve, një kapacitet të përforcuar të të gjitha shërbimeve për identifikim dhe menaxhim me lloje të ndryshme të dhunës, si dhe rritje e bashkëpunimit mes të gjitha palëve të prekura, sqaron Shehi.
Qasje digjitale ndaj shëndetit mental
Në mesin e qëllimeve të strategjisë numërohet edhe shëndeti mental digjital. Kjo pjesë e strategjisë është e orientuar konkretisht drejt zhvillimit të veglave digjitale, përkatësisht aplikacioneve të celularëve dhe platformave online për krijimin e resurseve lehtësisht të qasshme, module për vetëndihmë dhe rrjete virtuale për mbështetje të të rinjve, sqaron Shehi. Ky segment i strategjisë, siç thtoë asistenti programon i KNRM është mjaft i rëndësishëm, sepse pikërisht kjo qasje del nga modelet konvencionale të informimit dhe edukimit, ndërsa çdo i ri është praktikisht i lidhur me hapësirën online.
“Në këtë mënyrë, nëse e njëjta shfrytëzohet në mënyrë të mençur, mund të arrijë deri te mjaft persona të ri dhe thjeshtë të ketë ndikim pozitiv, përkatëisht të rinj të informuar”, thotë ai.
Shëndeti mental digjital fokusohet në sigurimin e privatësisë, siguri dhe efektivitet të bazuar në prova të intervenimeve digjitale për shëndet mental përmes rregullimit dhe masave për sigurimin e cilësisë dhe njëkohësisht trajnim të punonjësve shëndetësor që në mënyrë efektive t’i shfrytëzojnë veglat digjitale për shëndet mental dhe t’i integrojnë në modelet aktuale për kryerje të shërbimeve.
Implementimi i duhur i strategjisë për përmirësimin e mirëqenies së të rinjve
Strategjia nacionale përmban rekomandime drejtuar ministrive dhe institucioneve kompetente të cilat janë në drejtim të përmirësimit të qasjes deri te shërbimet cilësore për shëndet mental. Nga KNRM sigurojnë se në periudhën vijuese do të avokojnë për miratimin edhe të një plani aksional me buxhet adekuat për implementim të duhur të strategjisë.
“Gjithsesi do ta ndjekim edhe vetë implementimin sepse ideja nuk është të kemi disa fjalë në letër,por të krijojmë një sistem për mbështetje dhe kujdes për shëndetin mental te të rinjtë”, janë decidata.
Në lidhje me evaluimin e rezultateve, Shehi për Radio MOF, sqaron se, është miratuar vendim nga ana e Qeverisë për formimin e një trupi koordinues të përbërë nga ekspertë nga institucionet dhe ministritë kompetente si dhe nga organizatat e të rinjve, të cilët do të dihet të krijojnë plan aksional dhe korniza kohore për implementin të rekomandimeve dhe do të kujdese që kjo të mos mbetet vetëm edhe një letër.
Nga KNRM që paraprakisht kanë theksuar se, përmes implementimit të duhur të strategjisë, do të përmirësohet në mënyrë të konsiderueshme mirëqenia e të rinjve dhe do të krijoeht një spektër i gjerë i mekanizmave për mbështetje dhe kujdes për shëndetin e tyre mental.
Gjatë krijimit të strategjisë për shëndet mental te të rinjtë, së bashku me KNRM-në, kanë qenë të përfshirë edhe profesorët Stojan Bajraktarov nga Klinika Universitare për Psikiatri dhe Sofija Arnaudova nga Fakulteti Filozofik në USHCM, si dhe ekspertë të tjerë nga Ministria e Shëndetësisë. Shehi gjithashtu thotë se, kanë pasur bashkëpunim të shkëlqyeshëm edhe me Ministrinë e Punës dhe Politikës Sociale të cilët përmes ekspertizës së tyre ndaj mirëqenies së të rinjve, po ashtu kanë dhënë kontribut të tyre ndaj strategjisë, ndërsa njëkohësisht pikërisht ata e kanë propozuar në seancë qeveritar me qëllim që të miratohet. Në krijimin e strategjisë gjithashtu kanë pasur bashkëpunim dhe mbështetje edhe nga Ambasada Britanike në Shkup, si dhe nga ‘Regional Cooperation Council’.
Strategjia nacionale për shëndet mental te të rinjtë udhëhiqet nga Agjenda 2030 dhe principet e përgjithshme të qëllimeve për zhvillim të qëndrueshëm të OKB-së.
Martin Koloski