Утре (12 декември) од 19 до 22 часот во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи првата изложба на фотографии од бездомни животни.
Настанот го организира иницијативата „Шепасти ентузијасти“, а фотографиите ќе бидат од нивни животни-штитеници кои бараат дом или пак се веќе вдомени.
Организаторите најавуваат дека под секоја од фотографиите ќе биде споделена и приказната на животните и сите оние кои сакаат да вдомат миленик ќе можат да добијат повеќе информации.
Во склоп на изложбата ќе има и штанд со новогодишни производи, кои ќе се продаваат за донации за иницијативата.