Шест луѓе, меѓу кои три деца и три вработени, се убиени во вооружен напад од поранешен ученик во училиште во американскиот град Нешвил во Тенеси.
Три од жртвите биле ученици на возраст од 9 години или помали. Меѓу возрасните жртви биле директорката за настава, наставничка и хигиеничар, пренесе Би-Би-Си.
Станува збор за приватно христијанско училиште кое го посетуваат 200 ученици на возраст од 3 до 12 години.
28-годишниот напаѓач носел три различни видови огнено оружје, меѓу нив и полуавтоматска пушка и бил убиен од полицијата.
При пребарувањето на неговиот дом бил пронајден манифест и „мапа за тоа како планира да го изврши нападот“, меѓу кои и влезните и излезните точки од училиштето.
Ова беше 129-ти случај на масовен вооружен напад во 2023 година во САД. Само оваа година во земјата имало 12 случаи на вооружени напади во училишта кои завршиле со загинати или повредени луѓе.