Со поддршка на проектот Пристап до правда во Македонија и здружението за граѓанско општество 8-ми септември – Скопје се стекна со решение за давање на овластување од Министерството за правда за давање на претходна правна помош.
Со тоа, информираат од Фондацијата Отворено општество – Македонија кои се координатори на проектот „Пристап до правда во Македонија“, се рашири и мрежата на здруженија за давање претходна правна помош. Од февруари 2014 година, од кога започна да се реализира овој проект, мрежата има обезбедено бесплатна правна помош на преку 280 граѓани и континуирано работи на подобрување и унапредување на системот на бесплатна правна помош. При тоа, една од целите на проектот е да се застапува за јакнење на позицијата на здруженијата во системот на бесплатна правна помош, за чија неопходност сведочат и податоците за бројот на граѓани кои се обратиле за помош до здруженијата.
Проектот Пристап до правда во Македонија е финансиран од Европската унија. Координатор е ФООМ, а партнерски организации се Македонско здружение на млади правници – Скопје, Национален ромски центар – Куманово, Младински културен центар – Битола, Ехо – Штип, Избор – Струмица и 8-ми Септември – Скопје.