„Шестарот“ – нов краток филм на Ханис Багашов

„Шестарот“ - нов краток филм на Ханис Багашов

Шестарот“ е новиот краток филм на 13-годишниот Ханис Багашов, член на медиа/арт клубот на МОФ од Тетово. Во овој филм, Ханис  испраќа пораки против насилството, а за толеранција и соработка меѓу луѓето. Филмот е комплетно авторско дело на Багашов (сценарио, камера, режија, монтажа), а во него се појавуваат Наден Ристовски, Александар Стефановски, Томи Симјановски и Сеад Јашари.