Третото издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес:6“ ќе се одржи утре (3 февруари) во Младински Културен Центар, со почеток во 19 часот, а ќе трае до раните утрински часови.
„Земјотрес“ е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи, инициран во 2012 година од Направи Заедно (сегашен Balkan Veliki Балкан Велики), Sixtynine Records и PMG Recordings, а реализиран во соработка со Младински Културен Центар. Земјотрес секоја година го презентира најсвежото од македонската алтернативна музичка сцена.
Покрај музичката програма на три стејџови, во холот на МКЦ ќе бидат поставени и изданијата на дискографските куќи како и промотивните материјали на бендовите.
Програмата која ќе се одвива на 3 сцени, во продолжение:
*Денсинг сала*
20:20 – 20:40 KHARA
21:00 – 21:20 Љупа Ангелов
21:40 – 22:00 Aleksandar Veliki
22:20 – 22:50 Nema Labavo
23:10 – 23:40 String Forces
00:00 – 00:30 Luboyna Љубојна
00:50 – 01:20 Sethstat Jazz & Mirko Popov
01:40 – 02:10 You
02:30 – 03:00 Палиндром / Palindrom
03:10 – 03:40 Pogan Pagan
*Бифе Фросина*
20:40 – 21:00 Сашо Митревски
21:20 – 21:40 Morfej
22:00 – 22:20 Јаничари – Janissaries
22:50 – 23:10 Astrolungs
23:40 – 00:00 Short Fuse Hero
00:30 – 00:50 TrendKill
01:20 – 01:40 Gargoyles – band
02:10 – 02:30 Schwartzen
*Техно стејџ*
00:00 – 01:00 Mammoth & Yashem
01:00 – 02:00 E.B.A.M.
02:00 – 03:00 Душко Јаневски
03:00 – 04:00 Мирко Попов