Вкупно 182 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие при 1348 тестирања, информираат од Министерството за здравство. Починати се шест лица, а оздравени се 33 пациенти, велат денешните бројки.
По градови, Скопје и понатаму останува со најголем број новозаразени. Во последните 24 часа, регистрирани се 107 нови случаи на Ковид-19. По него следуваат Тетово со 23 нови случаи, па Куманово со 14, Ресен каде има 13 нови заразени лица. Во Охрид се регистрирани 6, Струга 5, Гостивар 4, додека Струмица, Кочани, Берово и Неготино имаат по 1 нов случај.
Од починатите, пак, двајца биле пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.
„Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни“, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.
„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 121 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, информираат од министерството.
По бројот на активни случаи во скопските општини, заклучно со вчера по завршување на епидемиолошките анкети, најмногу се забележуваат во Чаир – 336, Аеродром – 125, Бутел – 118, Гази Баба – 128, Центар – 121, Карпош – 103 и Сарај – 105, по што следуваат Кисела Вода – 80, Ѓорче Петров – 62, Студеничани – 71, Шуто Оризари – 51, Арачиново – 38, Илинден – 24, Петровец – 12, Чучер Сандево – 8, Сопиште – 12, Зелениково – 1, Странец – 3 и нераспределени случаи – 4.
Во однос на тестирањата, најголем број во изминатите 24 часа се направени преку Институтот за јавно здравје, односно 570, потоа Центарот за јавно здравје во Скопје, 32, Авицена –98, Биотек –150, Систина со PCR метода –189, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) – 152.
Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, информираат од министерството.