Од 19 до 23 јули во Охрид ќе се одржи шестото издание на „Beach Film Festival“.
Оваа година, фестивалот ќе се одржи на четири локации, односно на плажата Славија, каде билетот чини 100 денари, бродот Армада, каде билетот изнесува 200 денари, како и на плажите плажата Сараиште и Младинскиот Центар Охрид каде влезот е бесплатен.
Покрај филмските проекции, предвидени се и музички настапи, мастер часови и изложби.
Билетите за проекциите за на плажата Славија и бродот Армада може да се купат на следниов ЛИНК.