Шестото издание на „Skopje vinyl convention“ – настан каде на едно место се собираат љубителите на грамофонските плочи, разменуваат искуства, одбираат нови плочи за својата колеција и се слуша добра музика, оваа година ќе се одржи денес, 1 октоври, во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Со почеток во 12 часот, посетителите ќе може да ги проследат музичките избори на диџеите FONKI CHEFF од Шпанија, ROBERT SMITH од Германија, како и над 20 локални диџеи за кои организаторите истакнуваат дека имаат различен стил, вкус и начин на пуштање плочи.
На овогодишното издание на „Skopje vinyl convention“ достапно за продажба ќе биде ограниченото реиздание на Vinyl Box Set-от САФ – САФИЗАМ.
„Доколку сте љубители на плочи кои би сакале да ги слушате интимно, тука се и нашите локални, а годинава повеќе и регионални плочари кои ќе ви понудат разновиден спектар на плочи кои задоволуваат и најспецифичен вкус. Во живо. Време е да се видиме ко луѓе“, порачуваат организаторите.