Откако НаТочак реагираа дека утрово се исчистени само коловозите за движење на автомобили, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, преку Фејсбук тврди дека има активности и за останатите учесници во сообраќајот.
„По расчистувањето на снегот од градските улици и булевари, екипите на зимската служба денеска интензивно работат на расчистување на велосипедските и пешачките патеки“, објави Шилегов.
По расчистувањето на снегот од градските улици и булевари, екипите на зимската служба денеска интензивно работат на расчистување на велосипедските и пешачките патеки.
#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна
Posted by Петре Шилегов on Monday, March 22, 2021
Сепак, НаТочак реплицираат дека кога ќе излезете на точак, пешки или со автобус – поголема е веројатноста градот да ве изневери во споредба со излегувањето со кола.
„Да наидете на неисчистена патека, да наидете на градежни работи на патека без соодветно заобиколување, да наидете на прекин на патека, на висок рабник, на паркирани возила на патека и слично. Факт е дека под поимот улица сѐ уште се третира само коловозот, и во свеста е така. Другите учесници во сообраќајот се третирани како подножички и во планирање и во одржување, не рамноправни учесници. Нашето сфаќање и заложба е дека улицата еднакво им припаѓа на сите“, велат од НаТочак.
„Во колкав степен се смениле покажуваат бројките на луѓето на улиците. Ако прекумерно се користи автомобилот, значи дека не се смениле доволно. Ако мнозинството луѓе не можат да се ослонат на пешачењето, возењето точак и јавниот превоз како сигурна опција (барем за дел од патувањата), тогаш имаме уште за реагирање и менување“, соопштуваат од НаТочак.
Претходно, тие утрово посочија фотографиии со неисчистени вело и пешачки патеки, а ја прикажаа и главната врска на западниот дел на Скопје (Влае, Ѓорче, Сарај) со остатокот од градот.
[Фото] НаТочак: Снегот покажува дека нееднакво се третираат учесниците во сообраќајот