Јубилејното, 25 издание на Таксират Фестивал ќе започне со првиот соло-концерт во Скопје на рускиот бенд „Shortparis“.
Бендот ќе настапи на 16 јануари во Младинскиот културен центар, со почеток во 8 и 30 часот. „Shortparis“ се препознатливи по своите настапи во живо, а се предводени од Николај Комјагин. Бендот има свој темен електронски звук и спојува =ирационален спазматичен ритам“ со „пост-панк, експериментални и акустични песни“ за да формира своја музичка естетика.
„Тие со својата музика ги претставуваат нивните секојдневни животи, мелодија која го отсликува Санкт Петербург, градот од кој потекнуваат, во неговото минато како и во денешницата“, велат од МКЦ.
Билетите кои чинат 600 денари се достапни онлајн.