Утре (недела, 20 јули) во 20 часот, во киното “Синеплекс”, директно од лондонската О2 арена ќе се пренесува последниот заеднички настап на легендарната британска комична екипа Monty Python.
Иако се веќе во нивните седумдесетти години, John Cleese, Terry Gilliam, Eric Idle, Terry Jones и Michael Palin и ден-денес се еднакво популарни како на почетокот на нивната кариера. Оригиналната поставка ја сочинуваше и прерано починатиот Graham Chapman, по чија смрт екипата престана со заедничките проекти.
Нешто повеќе од четириесет години подоцна, тие годинава повторно се обединија и организира неколку шоу-програми во лондонската О2 арена. Билетот за проекцијата во „Синеплекс“ чини 500 денари.