Шпанија ќе воведе 100% данок за домови купени од лица надвор од ЕУ

Шпанија најави дека ќе воведе 100% данок за домови кои се купени од лица од земји кои не се во Европската Унија, пренесува Гардијан.

Данокот е една од 12 мерки кои премиерот Педро Санчез ги најави, со цел справување со високите цени на објектите за вдомување. Санчез посочи дека цените на домовите низ Европа се имаат покачено за 48% во изминатата деценија.

„Западот се соочува со значаен предизвик: да не стане општество поделено на две класи, составено од богати сопственици и сиромашни станари“, рече Санчез, кој посочи дека со мерките цели да ги направи домовите во Шпанија подостапни за локалните жители.

Како популарна туристичка дестинација, Шпанија е особено подложна на тоа домови во сопственост од странски инвеститори да се изнајмуваат сезонски. Во 2023 година, повеќе од 27.000 домови биле купени од лица кои не се од ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија. Според Санчез, повеќето од овие лица воопшто не планираат да живеат во тие домови, туку само ги користат за да „направат пари од нив“.

„Во контекстот на недостигот на домови што го имаме, не смееме да го дозволиме ова“, рече Санчез за состојбата на вдомувањето во државата.

Една од другите предложени мерки е зголемување на бројот на социјални станови. Во Шпанија само 2,5 отсто од становите се издвојуваат за социјални станови, бројка која е драстично пониска од земји како Франција и Холандија. Една другите мерки вклучува субвенции за оние кои реновираат и издаваат празни имоти по пристапни цени